74
Столе Димитриевски кој минатата сезона пристигна во Гимнастик, потпиша нов договор со шпанскиот клуб каде ќе брани и во наредните три сезони.
„Гимнастик де Тарагона и голманот Столе Димитриевски потпишаа договор за соработка до 30. јуни 2020 година“ – стои во соопштението на Гимнастик.
Македонскиот голман оваа сезона ќе го носи дресот со број 1 и треба да биде прв голман на шпанскиот второлигаш.