Димитриевски: Секогаш кога доаѓам на прес-конференција, не примам гол

by riste
1 минути читање

Столе Димитриевски веќе шест натпревари по ред нема примено гол за Македонија, се надева дека таа серија ќе продолжи и утре против Велс.

Димитриевски зборуваше за кобната ноќ во дискотеката во Кочани, каде што 59 лица го загубија животот и посочи дека сè уште се чувствува тага по трагедијата.

„Целиот македонски народ во овој момент е повреден, мене ми беше тешко да заспијам наредниот ден кога видов што се случи. Единствено нешто што му треба на македонскиот народ во овој момент е љубов и сплотеност“, вели Димитриевски.

Чуварот на мрежата на Македонија кажа и дека се надева дека ќе ја продолжи традицијата, односно нема да прими гол против Велс.

„Сакав да присуствувам на прес-конференцијата затоа што тоа е како некоја традиција. Секогаш кога сум тука, не примаме голови. Се надевам дека така ќе биде и сега, ако не примиме гол, имаме најмалку реми, а зошто не и победа“, додава голманот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани