Димитриевски открива: Одбил понуда вредна 20 милиони евра!

by Стефан
1 минути читање

Maкедонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски беше гостин во „Лазаров Подкаст“ каде што зборуваше за детали од својата кариера.

Димитриевски потврди дека пред неколку години бил блиску до преселба во Барселона, но како што е познато и од претходно трансферот пропаднал затоа што тогаш резервниот голман на каталонскиот гигант, Нето одбил да го напушти клубот.

Исто така пред себе Димитриевски имал и богата понуда од Саудиска Арабија вредна помеѓу десет и 20 милиони евра.

„Сумата што ми ја понудија беше меѓу 10 и 20 милиони евра за три години. Но сметав дека не е моментот за преселба на Блискиот Исток, сакав да продолжам да се натпреварувам во Примера и да останам на највисоко ниво. Верувам дека имам уште четири-пет силни сезони пред себе“, рече Димитриевски, дополнувајќи дека не ја исклучува можноста во иднина да се пресели во саудиското првенство, кога ќе почувствува дека е вистинско време.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×