Димитриевски одбрани пенал па капитулираше во 96. минута, Валенсија елиминирана во Копа дел Реј (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Столе Димитриевски и Валенсија се елиминирани во Копа дел Реј, Атлетик Билбао со гол во 96. минута славеше со 1-2 на гостувањето на „Местаља“.

Столе Димитриевски и Валенсија останаа без полуфинале во Копа де Реј, вечерва на домашен терен беа поразени од Атлетик Билбао.

Гостите поведоа со автоголот на Садик, а истиот играч десет минути подоцна погоди на правата страна и донесе 1-1.

Во 75. минута од мечот, Столе Димитриевски одбрани пенал, одлично го прочита Хаурегизар, и ја сочува својата мрежа.

Сепак, Македонецот капитулираше во 96. минута, кога Ињаки Вилијамс, на додавање од својот брат Нико Вилијамс, реализираше за 1-2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×