Димитриевски од клупата гледаше како Барселона ја наполни Валенсија! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Голманот на Валенсија, Агирезабала кој добива шанса пред Димитриевски, денеска прими шест голови од Барселона, каталонскиот гигант победи со 6-0.

Серијата погодоци ја отвори Фирмин Лопез со гол во 29. минута од мечот, 1-0 беше резултат по првото полувреме, а вистинско гол шоу се случуваше во вториот дел.

Фирмин Лопез даде уште еден гол, а по двапати погодија и Рафиња и Левандовски за конечни 6-0.

Валенсија има договор со Атлетик Билбао за Хулен Агирезабала да брани, во спротивно ќе треба да бидат плаќани пенали, а тоа значи дека тој без разлика во каква форма ќе игра и колку голови ќе прима, ќе биде на голот на тимот од Местаља.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×