Димитриевски објави фотока преку социјалните мрежи со која кажа многу! (ФОТО)

by riste
1 минути читање

Македонскиот голман, Столе Димитриевски не тренираше вчера со неговите соиграчи поради повреда, па се пишуваше дека нема ниту да патува во Мадрид на дербито против Атлетико.

Валенсија вчера соопшти дека Димитриевски не го одработил тренингот поради ситна повреда, туку заедно со Копете и Диакаби кои исто така се повредени, тренирал лесен тренинг.

По пишувањата дека нема да оди во Мадрид, Димитриевски излезе со фотографија на социјалните мрежи и напиша: „Напред“, кревајќи ги палците.

Ова е протолкувано како знак дека со него се е во ред и ќе оди со тимот во Мадрид каде ќе биде на клупата.

Димитриевски не е стартер на мечевите од Ла Лига, ги почнува само дуелите од Купот на Шпанија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×