Димитриевски нема да биде ниту на клупата на дербито во Мадрид!

by riste
0 минути читање

Македонскиот чувар на мрежата, Столе Димитриевски најверојатно нема да патува во Мадрид на мечот на Валенсија против Атлетико.

Информациите од „Местаља“ велат дека Димитриевски има полесна повреда и тренира по индивидуална програма.

Клубот најави дополнителни лекарски прегледи во наредните денови, но прогнозите се дека Димитриевски ќе го пропушти мечот против Атлетико.

Македонскиот голман обично е на клупата на натпреварите од Ла Лига, а ги стартува мечевите во Купот на Шпанија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×