Шпанските медиуми се полни со пофалби за македонскиот голман, Столе Димитриевски кој покажа зошто отсекогаш заслужуваше да биде прв голман на тимот.
32-годишниот Македонец откако застана меѓу стативите, значително го намали просекот на примени голови на Валенсија. Тој беше стартер на 11 натпревари, а просекот на примени голови му е 1,09.
На 18 натпревари претходно, кога Димитриевски беше на клупата, Валенсија прими 30 голови или во просек 1,66 погодоци по меч. Со нашиот голман тимот има примено 12 голови на 11 меча.
На Димитриевски не му се впишуваат како заслуга само одбраните кои ги прави туку и неговото влијание на самодовербата на дефанзивците пред него, кои исто така го кренаа нивото.
Во вториот дел од сезоната Валенсија влезе меѓу најдобрите пет дефанзиви во лигата.
