Димитриевски: Гледаме да се подобриме на психолошки план

by
1 минути читање

Македонија во Рејкјавик водеше со 2-0, но откако примивме еден гол следуваше голем пад кој го искористи домаќинот и ни ја зема победата.

„Имавме одлични 75 минути и една моја индивидуална грешка која ја направив ни донесе пад. Анализиравме зошто, како и што се случи и работиме на тоа, сконцентрирани сме психолошки да се подобриме, иако ние и после примените голови имавме шанса да победиме“, вели Димитриевски.

„Моја цел е на секој меч да останам несовладан, но на овие последни два меча после само два-три тренинзи, ние ги минимизиравме шансите на противникот, што е приказ дека тимски играме добро во дефанзива, а сето тоа е зашто ја сфаќаме идејата на шефот. Нѐ чека Романија и јас и сите колеги во репрезентацијата ќе дадеме максимум за да останеме несовладани на овој меч кој ни претстои“.

Македонија утре со почеток од 20:45 часот ја пречекува Романија на Арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×