488
Диме Димов ќе ја продолжи кариерата во редовите на индонезискиот клуб Персебаја.
Искусниот дефанзивец оди на втор интернационален ангажман, овојпат на интересна дестинација во Азија. 30-годишникот по добрата авантура во Локомотив од Софија замина во Индонезија.
Тој се договори и веќе потпиша со Персебаја, клуб кој се натпреварува во Лига 1 и се очекува да се бори за титулата бидејќи во моментов е второпласиран. Димов веднаш ќе почне со тренинзи и ќе конкурира за тимот за дуелот со Слеман за шест дена.
Во кариерата Димов настапуваше за Локомотив, Брера, Хоризонт Турново, Гостивар, Кожуф и Металург.