Дефанзивецот на Интер, Федерико Димарко вели дека му се восхитува на Тео Ернандез од Милан и смета дека Французинот е еден од најдобрите леви бекови во светот.
Федерико Димарко од дете навива за Интер, важи за миленик на публиката на „Меаца“ но сигурно ќе го навлече гневот со последните коментари.
„Има многу ирачи на кои им се восхитувам и кои ги цинам. Знам дека ќе добијам многу навреди за ова, но навистина го ценам Тео Ернандез како играч“ – вели Италијанецот.
„Знаете, тој игра за Милан“.
Димарко потоа додаде: „Има играчи и од други тимови кои навистина ми се допаѓаа, кога бев помлад го обожавав Роберто Карлос. Ми се допаѓаше и Максвел кога тој беше дел од Интер“.
„Сакам да „украдам“ по нешто од секого, но не сакам да се споредувам со никого“.