67
Во петокот вечерта Марадона беше задржан во болница во Буенос Аирес откако рутинската контрола покажала крварење во стомакот.
Марадона бил задржан неколу часа па пуштен дома. По таа информација фановите загрижени праќаа пораки за добро здравје на аргентинската легенда.
„Сакам да им се заблагодарам на сите за пораките со поддршка. Добар сум и жалам што ве загрижив без причина“, вели Марадона.
„Ништо не е сериозно. Добар сум. Денеска сум со внуците Бенха, Диегито Матиас и мојот син Диего Фернандо“.
„Бакнежи за сите“.