Челси веројатно ќе има друг напаѓач идната сезона откако Конте му рекол на Диего Коста дека не му е потребен за следната сезона, барем така тврди напаѓачот.
„Конте ми прати порака кажувајќи ми дека не сум во неговите планови“ – изјави Коста по синоќешниот натпревар на Шпанија со Колумбија кој заврши 2-2.
„Изгледа дека не сум имал добра сезона. Тоа беше една едноставна порака по се што направив за клубот, но ако тој не ме сака таму, тогаш ќе треба да си побарам нов клуб“.
Запрашан дали бил контактиран од некој друг во Челси, Коста изјави: „Не, но доколку тренерот ви каже дека не ве сака во тимот, тогаш треба да си одите“.
Диего Коста со шпанската репрезентација се подготвува за натпреварот во Скопје против Македонија кој се игра во недела на „Филип Втори“ арената.