Диего Коста пријавен за настап во Премиерлигата, дали Шпанецот и Конте ги закопаа секирите?

by
1 минути читање

Диего Коста беше
топ тема во Челси ова лето, тој се најде во судир со италијанскиот стратег
Антонио Конте, а беше на излезна врата од клубот.

Шпанецот беше
мошне активен во потрагата по нова дестинација, најпрво не му успеа намерата да отиде на
кратка позајмица по што би се вратил во Атлетико Мадрид во јануари, откако на
шпанскиот тим би му истекла суспензијата за трансфери.

Милан и Евертон
беа мошне загреани да го видат во своите редови напаѓачот на Челси но на крајот
се повлекоа од трката за неговиот потпис, а сега тимот од Лондон веќе ги реши
сите дилеми околу својот фудбалер.

Диего Коста вечерва се најде на листата од 25 фудбалери кои Челси ги пријави за настап во Премиерлигата оваа сезона, а
оваа информација ја потврди Дејли Меил.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани