Диего Коста плачел во соблекувалната и се колнел дека не го навредил судијата, ова е верзијата на напаѓачот

by
1 минути читање

Бразилецот со шпански пасош синоќа избувна на Камп Ноу откако не му беше досуден прекршок, веднаш се упати кон судијата и му кажа нешто, а Хесус Хил Манзано без размислување му покажа црвен картон.

Во записникот по крајот на мечот стои дека Диего Коста е исклучен бидејќи на судијата гласно, два пати му кажал „me cago en tu puta madre“, фраза што во буквален превод значи „да и се по*ерам на твојата еб*на мајка“.

Но верзијата на фудбалерот на Атлетико е поинаква. Според пишувањата на СЕР, тој во соблекувалната плачел и на соиграчите им се колнел дека не го навредил судијата.

Кога на полувремето медиумите правеа анализа, речиси сите пренесоа дека Диего Коста на судијата му кажал „la puta madre que te parió“, односно непријатна навреда за мајката на Хил Манзано. Од повторените снимки можеше да се заблежио дека токму ова беше и објаснувањето кое арбитарот им го даде на останатите играчи на Атлетико кога им кажуваше зошто морал да му покаже црвен на напаѓачот.

Сепак, Диего Коста се правдал дека употребил „МЕ“ а не „ТЕ“ и всушност пцовката која ја кажал се однесувала на него а не на судијата.

Останува да се види дали ваквото оправдување на фудбалерот ќе помине, со оглед на тоа дека му се заканува суспензија и до 8 натпревари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×