Поранешниот фудбалер на Атлетико Мадрид и Челси, Диего Коста остана без клуб откако му истече договорот со Гремио.
Поранешниот репрезентативец на Шпанија со потекло од Бразил одигра 26 натпревари за Гремио во сите натпреварувања и во нив постигна осум голови и подели пет асистенции.
Темпераментниот фудбалер кој изгради сериозно репутација настапувајќи во Европа се врати во Бразил во август 2021 година кога го облече дресот на Атлетико Минеиро.
Накратко се врати на Стариот континент каде што беше дле од Вулверхемптон, а по една сезоно повторно се пресели во Бразил во дресот на Ботофаго.
По неколку месеци го засили Гремио со кој сега се раздели. Диего Коста во кариерата настапуваше уште за: Брага, Пенафиел, Атлетико Мадрид, Селта, Албасета, Ваљадолид и Челси.