Бразилецот со Шпански пасош не е во плановите на Антонио Конте па само прашање на време е кога ќе замине од Стемфорд Бриџ.
Сан открива дека неодамна, два клуба од Кина разговарале со Жорж Мендеж и доставиле богата понуда за напаѓачот.
Шангај СИПГ на Диего Коста му понудил 3 милиони фунти бонус за да потпише со нив до ноември, како и неделна плата од 285.000 фунти неделно, односно за 100.000 фунти повосика од онаа која ја заработува во овој момен.
Голгетерот ќе добиел и премија од 10 милиони фунти доколку на Шангај СИПГ му ја донесел титулата од првенството на Кина.
Но и покрај ова богатство, Диеко Коста одбил да се пресели на Далечниот Исток.
Напаѓачот сака само трансфер во Атлетико Мадрид, и последните извештаи велат дека желбата наскоро ќе му се исполни.
Атлетико Мадрид и Челси постигнале договор за трансфер вреден 50 милиони фунти, од кои 41 милион фунти ќе бидат платени веднаш, а останатите 9 милиони фунти преку најразлични бонуси.