Диего Коста му постави ултиматум на Атлетико Мадрид, Милан под будно око ја следи целата ситуацијата

by
2 минути читање

Медиумите на
Островот подолг период пишуваа за кавгата која настанала помеѓу Антонио Конте и
Диего Коста, наводно незаминувањето на напаѓачот од Лондон го кочел трансферот
на Лукаку во Челси.

Познато е дека
Коста доби непријатна порака од Конте во која италијанскиот стратег од клупата
на „Сините“ му порача дека за него нема повеќе место во тимот, со што може да
си замине од „Стемфорд Бриџ“.

Голгетерот има
нескриена желба да се врати во Атлетико Мадрид, тој наводно имал и разговор со
челните луѓе на овој тим, на истиот им поставил ултиматум, дека нема долго да
чека.

Сакам да се
вратам во Атлетико Мадрид, но нема да ве чекам долго…
“ ова е пораката која
наводно напаѓачот им ја испратил до челниците на тимот од Мадрид.

Атлетико Мадрид
се споменува како старо-нова дестинација за Коста, но очигледно е дека тимот од
Мадрид не презема конкретни чекори во реализацијата на враќањето на напаѓачот
во својот тим.

Ситуацијата со „Јорганџиите“
е јасна, тимот не смее да регистрира нови фудбалери се до почетокот на идната
година (јануари, 2018) кога тие ќе имаат одврзани раце во однос на оваа
ситуација.

Своевремено, дел од медиумите пишуваа дека Коста иако е на излезна врата од клубот и сака да си замине од Лондон, очигледно дека не брза во таа намера, за тоа постојат повеќе информации.

Италијанските
медиуми пишуваат дека Милан ситуацијата со Коста ја следи под будно око, па
така постои можност агентот на напаѓачот, Хорхе Мендеш да добие нови инструкции
од својот фудбалер, доколку Атлетико Мадрид одолговлекува.

Една од повеќето опции за репрезентативецот на Шпанија е секако Милан, кој гради нов, амбициозен тим за
следната сезона, нема да зачуди доколку тимот од Милано активно се вклучи во обидот да се засили со Коста ова лето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани