Бразилецот со
Шпански пасош пред неколку месеци беше известен од Антонио Конте преку смс
порака дека повеќе не е дел од неговите планови.
Челси се надеваше дека ќе го продаде напаѓачот за богата сума во Кина, но Диего
Коста сака само трансфер во Атлетико Мадрид па клубот и играчот влегоа во
војна.
Во разговор со
Дејли Мејл, тој сега открива дека е третиран како криминалец, нема дозвола да влезе во
соблекувалната на првиот тим, ниту пак смее да разговара со соиграчите.
„Сакаат да
тренирам со резервите” –
вели Коста. „Нема да ми биде дозволен влез во соблекувалната на првиот тим, ниту пак
да разговарам со соиграчите”.
„Не сум
криминалец, не го заслужив ова по се она што сторив за клубот”.
„Секоја недела
добивам казна, ме удираат по џеб постојано, но не ме мотивираат парите”.
„Чекам да ме
ослободат. Не сакав да заминам, бев среќен, но кога менаџерот не ве сака, што
можете да направите”.
„Моја желба е да
се преселам во Атлетико, чим менаџерот не ме сака, тогаш сакам трансфер во
Мадрид”.
„Одбив неколку
понуди. Челси сака да ме продаде во Кина, но сакам да се вратам во Шпанија
поради јазикот. Сакам трансфер во клуб каде што ќе се чуствувам добро, а не
каде што ќе ме плаќаат најмногу”.