Диего Коста ќе добие осум натпревари суспензија!?

by
0 минути читање

„Марка“ пишува дека Диего Коста ќе биде драстично казнет од дициплинското тело во Примера за неговата пцовка кон судијата поради која доби црвен картон.

Судијата Манзано го потврдил тоа што привично го запиша за црвениот картон на Коста, а комитетот на судии има и аудио снимка која докажува како фудбалерот јасно вели: „Да се с**ам на твојата е*ана мајка“.

Максималната суспензија за вакво дело е осум натпревари, се очекува наскоро таа официјално да биде потврдена.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×