689
Францускиот селектор Дидие Дешамп се очекува наскоро да објави дека по Светското првенство заминува од позицијата во репрезентацијата. Ова го потврди добро упатениот инсајдер Фабрицио Романо.
Дешамп седна на клупата на Франција по Европското првенство во 2012 година и ги водеше Французите до трофејот на Мундијалот во 2018 година, а играше финалиња на ЕП 2016 и СП 2022. Под негово водство „триколорите“ беа константно конкурентни и се бореа за најголемите одличја.
Сепак, Дешамп нема да го продолжи договорот кој му истекува по Светскиот шампионат кој во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.