161
Популарниот „Нестогол“ вечерва имаше свое шоу на Ренцо Барбера и со два гола донесе победа над Про Вeрчели.
Македонецот се обиде да стигне и до хет-трик, ја затресе мрежата по трет пат, но наместо да се радува на нов гол, за играње со рака доби втор жолт и црвен.
Во новата извонредна партија на Илија Нестороски уживаше и Пауло Дибала.
Аргентинецот, кој е прв стрелец во Серија А со 10 погодоци зад своето име, е поранешен играч на Палермо и очигледно се уште има посебни емоции за клубот од Сицилија.
Ѕвездата на Јуве на социјалните мрежи објави слика како од дома го следи мечот на Ренцо Барбера и напиша: „Форца Палермо“.
