Дибала: Се жалат веќе шест години, треба да пробаат некој друг метод

by
1 минути читање

Јувентус доби пенал во 95. минута од натпреварот против Милан, Дибала погоди од белата точка за победа од 2-1.

„Не беше лесно. Ова беше тежок пенал, сите го паметат моето промашување во Доха, но за среќа овој пат погодив“ – вели Дибала.

Многу прав се крена за одлуката да биде досуден пенал за Јувентус, особено што инцидентот се случи по истекот на минутите покажани за продолжение.

„Ние сме навикнати да се зборува против нас. Сакам да видам што ќе кажат за пеналот кој го направи Критијан Запата врз мене. Во Удинезе не ни досудија два пенали и ние ништо не рековме“.

„Другите тимови веќе шест години се жалат против Јуве. Веројатно треба да пробаат некој друг метод“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани