Дибала се сели во Турција и ќе му биде голем ривал на Мурињо?

by riste
0 минути читање

Денеска се појавија шпекулации дека Пауло Дибала би можел да се пресели во Турција во јануари, да го облече дресот на Галатасарај.

Аргентинскиот фудбалер не е задоволен од случувањата во Рома по заминувањето на Мурињо, па се чини дека повеќе размислува на заминување од клубот.

Откако Галатасарај покажале интерес за Дибала, Аргентинецот му се јавил на Мауро Икарди, неговиот сонародник кој е ѕвезда на турскиот клуб и го распрашувал за турскиот клуб.

Доколку Дибала пристигне во Галатасарај, тој ќе биде ривал на неговиот поранешен тренер Жозе Мурињо кој го води Фенербахче.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×