Се верува дека
Манчестер јунајтед и Јувентус си имаат подадено рака за размена на Ромелу
Лукаку и Пауло Дибала, и Белгиецот веќе се договорил со „старата дама“ за плата
од 9 милиони евра по сезона.
Останува уште
Пауло Дибала да каже ДА и да пронајде дил со „ѓаволите“ за примањата, но
последните информации од Италија велат дека Аргентинецот се двоуми.
Скај Спорт,
Спортиталија и уште неколку извори пренесуваат дека напаѓачот не е убеден дека
Олд Трафорд е вистинскиот следен чекор. Прва причина е тоа што „ѓаволите“ не
играат во Лигата на шампионите, а втора е тоа што играчот смета дека Манчестер
јунајтед и Премиерлигата во глобала не одговараат на неговиот стил на игра.
Пауло Дибала утре
треба да се врати во Торино по продолжениот одмор и веднаш ќе се сретне со
Маурицио Сари. Стратегот изминатиов период во неколку наврати кажа убави
зборови за Аргентинецот, па напаѓачот сака неколку дена да поработи под негово
водство пред да донесе конечна одлука.