Дибала пристигна во Торино, не беше расположен за комуникација (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Дибала пристигна во Торино и веднаш влезе во возилото, одби да даде изјава за медиумите кои го чекаа.

Тој се упати на редовни медицински тестови во Јуве по што ќе има состанок со Маурицио Сари на кој главна тема ќе биде неговата иднина.

Дибала е нервозен бидејќи Јувентус се откажува од неговите услуги и сака да го замени со Лукаку.

Останува да видиме дали Аргентинецот ќе замине во Манчестер јунајтед, или можеби ќе се пресели во Интер со кој исто така се поврзува. Не се отфрла ниту можноста за останување во Јуве, но не се големи шансите за тоа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×