Дибала: Позабавно е со Сари

by
0 минути читање

Дибала веќе постигна шест голови оваа сезона, Аргентинецот ужива во стилот на Сари.

Се промени начинот на кој тимот е воден. Сари има комплетно различен начин на разбирање на играта. За мене, и можеби за останатите напаѓачи, сега е позабавно, вели Дибала.

„Повеќе ја задржуваме топката и креираме многу шанси. Тоа ви дава можности за реализација и да направите нешто поинакво бидејќи знаете дека ќе добиете и друга шанса“.

„Учите да играте брзо и да напаѓате цело време. Има натпревари на кои имавме и по 20 шанси. Можете само да замислите што значи тоа за напаѓачите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×