Во изминатиот период Дибала неколку пати беше мета на лажни вести кои велеа дека има коронавирус. Тој два пати ги демантираше, но овој пат навистина е позитивен на КОВИД-19.
„Здраво на сите, сакам само да ве информирам дека ги добивме резултатите за тест на КОВИД-19 и двајцата, јас и Ориана сме позитивни на тестот. За среќа сме во перфектна состојба. Ви благодарам за пораките“, напиша Дибала.
Тој е третиот фудбалер на Јувентус кој е позитивен на коронавирус, прв беше Даниеле Ругани, а потоа се зарази и Блас Матуиди.
„Пауло Дибала направи медицинските тестови кои покажаа дека е позитивен на коронавирусот КОВИД-19. Тој е во изолација од средата 11 март. Ќе продолжи да биде следен следејќи го вообичаениот режим. Тој е добар и нема симптоми“, се вели во соопштението на Јувентус.