Дибала пак се повреди, ќе пропушти седум натпревари во Серија А

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Рома која е четврта на табелата во Серија А ќе биде без аргентинскиот напаѓач Паоло Дибала околу еден месец, откако го повреди коленото.

Според „Газета дело Спорт“ и „Скај Спорт“, Дибала бил опериран во Рим поради повреда на латералниот менискус.

Аргентинецот беше приморан да го прекине тренингот во четвртокот, поради што првично се мислеше дека станува збор за замор на мускулите.

Се очекува опоравувањето да трае околу 45 дена, што значи дека ќе ги пропушти седум натпревари од Серија А, како и осминафиналниот натпревар од Лига Европа против Болоња.

Дибала оваа сезона постигна само два гола во 17 настапи во Серија А. Рома моментално е на четвртото место на табелата, со 16 бода заостанување зад лидерот Интер, но само два бода помалку од третопласираниот Наполи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×