Јувентус
очекувано дојде до посакуваната победа над Болоња пред своја публика, синоќа,
Старата дама ја продолжи серијата победи во Серија А и стигна до максималните
18 бода по шест одиграни кола.
Дибала беше еден
од стрелците на двата гола за тимот на Алегри, а за Аргентинецот тоа е прв гол
сезонава во Серија А по петте настапи кои ги забележа досега, тој смета дека
синоќешниот гол ќе му ја врати самодовербата.
„Се надевам дека
овој гол ќе ми ја врати самодовербата која ја имав претходно“ истакна Дибала.
„Работев напорно
за да стигнам до такви перформанси, природно е кога фудбалерот се развива и
неговите перформанси растат, фановите да очекуваат уште повеќе од него“ додаде
Аргентинецот.