Дибала: Ова го сакав уште од дете

by
1 минути читање

Јувентус одигра фантастичен меч против Барселона а во главна улога беше Пауло Дибала со два постигнати гола.

„Мислам дека одигравме одличен меч, ги реализиравме повеќето од шансите кои ги имавме и со позитивен резултат ќе одиме на Камп Ноу“ – вели Дибала.

„Многу сум среќен. Многу сум среќен бидејќи уште од дете сакав да доживеам вакви моменти и денес тоа ми се оствари. Успеав. Сите сме во многу позитивен момент, со голема самодоверба и тоа е важно за остварување на нашите цели“.

„Знаеме дека не смееме да се опуштиме во реваншот бидејќи сите видовме колку е тешко да се игра таму. Но, ние сме голем тим и ќе работиме заедно за добар резултат“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани