Дибала: Никогаш не сум ни помислувал дека до оваа мера би ми недостасувал фудбалот

by
1 минути читање

Офанзивецот на
Јувентус, Пауло Дибала вели дека фудбалот му недостасува, и тоа во голема мера,
Аргентинецот не крие дека тренингот во домашни услови не се споредува со тој на
теренот.

Дибала се уште е
во рехабилитациона фаза од коронавирусот, откако беше позитивен на Ковид-19
четири пати во рок од шест седмици, а во едно интервју реализирано на
социјалните мрежи вели дека во голема мера му недостасува дружбата со
фудбалската топка.

Да ви ја кажам
вистината, никогаш не сум ни помислувал дека до толку би ми недостасувало
играњето и тренирањето со фудбалската топка
“ вели Дибала.

Чувствувам дека
ми е потребен тренинг, потребно ми е да си ги видам своите соиграчи и
пријатели, да ја допрам фудбалската топка, тренирањето од дома, како и
тренирањето од терен не се споредува
“ додава тој.

Потребно ми е да
ги облечам копачките и да почнам со трчање, да постигнам некој гол, помина долг
период без тренинзи, немаме никаква претстава за тоа кога би се вратиле, ова не
е како викенд-одмор, кога би знаеле дека имате одреден период за одмор, а потоа
се враќање на своите обврски
“ подвлече Дибала.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×