Аргентинскиот офанзивец Пауло Дибала се наоѓа на излезна врата од Рома и се поизвесно е дека актуелната сезона ќе биде негова последна во римскиот клуб.
Напаѓачот пристигна во престолнината како слободен играч по разделбата со Јувентус и со примањата веднаш стана најскапиот поединец во ростерот. Сепак, континуитетот на повреди и променливата форма направија придонесот на теренот да не ги следи очекувањата што ги има раководството.
Од раководството му било предочено дека останување е можно само со сериозно намалување на договорот, но таквата можност била веднаш одбиена од страна на Аргентинецот. Со тоа практично е отворен патот кон разделба.
Како најреална опција во моментов се споменува враќање во татковината. Дибала ја напушти Аргентина во 2012 година кога од Институто се пресели во Палермо, а сега би можел повторно да го сврти курсот кон домот и да отвори ново поглавје од кариерата.