312
Италијанскиот
првак Јувентус ја потврди веста дека Пауло Дибала се рехабилитиран од Ковид-19,
а неговиот последен тест на коронавирусот излезе негативен, па така и
Аргентинецот ќе може да се врати на тренинзите заедно со своите соиграчи.
Дибала беше
третиот фудбалер на „Старата дама“ кој беше позитивен на тестирањето за
коронавирусот во март, по Даниеле Ругани и Блес Матуиди.
Како и да е,
Ругани и Матуиди се рехабилитираа од заразата уште на 15. април, а на Дибала му
требаше нешто повеќе од тоа откако беше позитивен на четири тестови во шест
седмици.
„Моето лице
говори се’, конечно се
рехабилитирав од Ковид-19“ напиша Дибала на социјалните мрежи објавувајќи дека
конечно има негативен тест.