Пауло Дибала на
11. март мораше во самоизолација откако Даниеле Ругани беше првиот играч во
Серија А позитивен на коронавирус. Десет дена подоцна, Аргентинецот се огласи
на социјалните мрежи за да соопшти дека тој и неговата девојка исто така имаат
Ковид 19.
Иако поминаа
речиси 40 дена, напаѓачот на Јувентус се уште не може да ја победи заразата. Новинарот
Жозеп Педрерол во емисијата „Ел Чирингито“ откри дека популарниот „Ла хоја“ бил
позитивен и по четврти пат.
Останува да се
види дали Јувентус ќе го стави Пауло Дибала на поинтензивен третман во следниот
период зошто Аргентинецот ризикува да не биде подготвен за ре-стартот на
сезоната.
Мерките во
Италија ќе попуштат од 4. мај а тренинг камповите ќе бидат отворени две недели
подоцна кога фудбалерите ќе почнат да тренираат во групи и со полна пареа да работат на
својот фитнес за продолжението на сезоната кое се најавува за средината на јуни
месец.