Аргентина по
потешкиот пат стигна на Мундијалот, а таа селекција подолг период ја поврзуваат
разни шпекулации околу тоа дека наводно првата ѕвезда на тимот, Лионел Меси ги
одбира своите соиграчи, односно, влијае на одлуките на селекторот.
Според
информациите кои ги пренесува Спорт, ѕвездите на Јувентус, Гонзало Игуаин и
Пауло Дибала својата шанса на големиот фудбалски турнир ќе ја чекаат од клупата
за резервни играчи.
Информациите на
каталонскиот весник велат дека селекторот Хорхе Сампаоли решил да стартува со Серхио
Агуеро во почетниот состав, токму фудбалерот на Манчестер Сити ќе му биде
партнер на Меси во нападот на Гаучосите.
Гаучосите
отвораат со Исланд на 16 јуни, а освен тој противник, за ривали во
конкуренцијата „Д“ ги имаат и Хрватска и Нигерија.