Дибала го прашал Роналдо дали да оди во Манчестер јунајтед, Португалецот му дал совет

by
1 минути читање

Дибала на „ВатсАп“ групата на Јувентус, го распрашувал Роналдо за Манчестер јунајтед.

Роналдо му рекол дека мора да оди во Манчестер јунајтед и таму да стане шампион. Португалецот му кажал само убави зборови за англискиот клуб и му рекол дека во моментов тоа е најдоброто место за него.

Манчестер јунајтед и Јувентус имаат договор за размена на Лукаку и Дибала која можеби ќе го вклучи и Манџукиќ, но аргентинскиот фудбалер ја кочи работата.

Се уште размислува дали да се пресели во Манчестер јунајтед. Можеби зборовите од Роналдо ќе бидат пресудни.

Преодниот рок во Англија трае до 8. август, па наскоро ќе видиме дали Дибала ќе стане нов играч на Манчестер јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани