Дибала демантираше дека е заболен со коронавирусот, порача да не се споделуваат лажни вести

by
1 минути читање

Коронавирусот донесе и многу лажни вести во екот на доста
чувствителната ситуација во која се наоѓа сиот свет, а особено на европско тло
трепери Италија, која е најзасегната во битката со Ковид-19.

Така беше и во случајот со Пауло Дибала, фудбалерот на
Јувентус за кого во Јужна Америка
некои медиуми известија дека бил тестиран позитивен на коронавирусот, меѓутоа
сега има демант, како од клубот, така и од Аргентинецот.

Здраво на сите, би сакал да потврдам дека сум добро и дека
сум во изолација на доброволна основа, ви благодарам на сите за пораките, се
надевам дека и вие сте добро
“ напиша Дибала на социјалните мрежи, а притоа во објавата порача и еден вид борба против лажните вести.

Од Јувентус исто
така демантираа дека нивниот фудбалер е заболен со коронавирус, наведувајќи
дека се почитуваат препораките на здравствените институции по случајот со
Даниеле Ругани, дефанзивецот на италијанскиот првак кој е тестиран позитивен на
тестот.

Пауло Дибала не
е позитивен на коронавирусот, по резултатите на Даниеле Ругани, во согласност
со препораките на нашите здравствени институции, аргентинскиот напаѓач е во
довброволна изолација, како и останатите во тимот
“ велат од Јувентус.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×