Според информациите кои
ги пренесуваат дел од медиумите во Италија, се вели дека братот на Пауло
Дибала, фудбалерот на Јувентус, им дал дознаење на челниците на ПСЖ дека може
да го однесе својот брат во клубот од Париз.
Јувентус издвои само 30
милиони евра за Аргентинецот пред две сезони, а сега постави цена за него
вредна 150 милиони евра за талентираниот плејмејкер, со тоа што стави јасно
дознаење на заинтересираните клубови дека под истата, нема ниту преговори.
Аргентинецот истовремено
е на листата на желби на Манчестер јунајтед, Барселона, како и Реал Мадрид, а
ситуацијата со него доживеа доста промени откако неговиот брат ја презеде
улогата на агент зад неговото име уште во летото.