Баерн Минхен продолжува да гази во германската Бундеслига и без поголеми проблеми славеше на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт со убедливи 0-3 во дербито од шестото коло.
Тимот на Винсент Компани ја оправда фаворитската улога и уште еднаш потврди дека е во страшна форма. Мечот во Франкфурт донесе и два моменти за историја, кои ќе останат запишани во германскиот и европскиот фудбал.
Првиот го обележа Луис Диаз кој погоди уште во 15-тата секунда и стана трет најбрз стрелец во историјата на Бундеслигата, веднаш зад легендите Џовани Елбер и Лотар Матеус. Вториот момент го носи името на Винсент Компани, кој со овој триумф стигна до десет победи по ред на стартот од сезоната, нешто што досега не му успеало на ниту еден тренер во топ пет лигите во Европа.
Во продолжението Баерн го реши натпреварот. Хари Кејн постигна втор гол и постави нов рекорд како прв фудбалер со 11 погодоци во првите шест кола од една бундеслигашка сезона, а конечните 3-0 ги постави повторно Луис Диаз со својот втор гол на мечот.
Баварците со максимални десет победи се осамени на врвот на табелата и веќе сега изгледаат подготвени да ја додадат уште една титула во својата богата колекција.