Анхел Ди Марија проговорите за жестоките пресметки помеѓу Реал Мадрид и Барселона, кога Жозе Мурињо користеше валкани тактики за да се справи со Пеп Гвардиола.
Жозе Мурињо во 2010 седна на кормилото на Реал и како задача имаше да ja сопре доминацијата на Барселона, која под водство на Пеп Гвардиола и со Лео Меси во тимот доминираше две сезони.
„Специјалниот“ често користеше валкани тактики, атмосферата веднаш се вжешти, имаше многу дуели и провокации.
„Само со ќотек можевме да ја победиме Барса!“ – вели сега Анхел Ди Марија како гостин во еден поткаст. „Да удираме, да трчаме повеќе од нив и да погодуваме“.
„И тоа придонесе да ги извадиме од колосек. Во еден момент се плашев дека ќе го повредиме џуџето (Меси)“
Аргентинецот потоа се присети на финалето во Копа дел Реј во 2011.
„Дуелот на Местаља беше многу тежок, имаше само удари, удари и удари… Во еден момент јас морав опасно да му влезам на Меси. Откако го соборив на тревата, го подигнав и му реков, „Извини џуџе, ама ако те оставев, ќе ни дадевте гол““.
„Немав друг избор, единствен начин за да се сопре Меси е да го фаулирате“.