Ди Марија со фантастичен гол го реши големото дерби во Аргентина! (ВИДЕО)

by riste
0 минути читање

Росарио Централ со 1-0 победи против својот најголем ривал Њуелс Олд Бојс благодарение на фантастичен погодок на Анхел Ди Марија.

Ди Марија имаше емотивно враќање во својот клуб од детството, а сега почна својот квалитет да го испорачува на терен.

Во 82. минута Ди Марија изведе прекрасен слободен удар за ерупција на трибините.

За Ди Марија ова беше трет гол откако се врати во Росарио Централ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×