Ди Марија покажа дека не е за фрлање, Аргентинецот го предводеше ПСЖ до триумф во Суперкупот (ВИДЕО)

by
1 минути читање

ПСЖ и Монако ја
отворија новата сезона во Франција со Суперкупот. „Светците“ шеста година по
ред се радуваат на овој трофеј откако со 4-0 триумфираа над клубот од малото
кнежевство.

Анхел Ди Марија
го предводеше тимот на ПСЖ составен од неколку искусни играчи и неколку млади
фудбалери. Парижаните доминираа и го контролираа натпреварот, а резултатот го отвори Аргентинецот со
прекрасен гол од слободен удар во 33. минута.

До крајот на
првиот дел „Светците“ ја дуплираа предноста преку Нкунку, а сите дилеми беа
решени во 67. минута кога Веа погоди за 3-0.

Точка на
натпреварот стави Ди Марија во 92. минута, репрезентативецот на „Гаучосите“
реализираше една контра, покажа дека не е за фрлање и дека тренерот Томас Тухел
може сериозно да смета на него во новата сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×