29 годишниот
офанзивец од редовите на Париз Сент Жермен, Анхел Ди Мариа и натаму е во
исчекување на повик од Барселона, овој пат во јануарскиот преоден рок,
пренесува „Ле Спорт“.
И покрај интересот на
Каталонците за Филипе Кутињо од Ливерпул, Аргентинецот не ја губи надежта за
преселба на „Камп Ноу“.
Според информациите, Ди
Мариа нема намера да се пресели во Кина, од каде има богати понуди, а ПСЖ за неговите услуги очекува да добие 75 милиони евра
обештетување во јануари.
Ди Мариа има важечки
договор со ПСЖ со 2019. година, очигледно дека истиот нема да биде продолжен, а
пред извесен период Аргентинецот призна дека никогаш не бил навивач на неговиот
поранешен клуб Реал Мадрид, секогаш мечтаел да премине во Барселона, но до тоа
не дошло.