Ди Марцио пренесе дека паднал договор за трансфер на Врсаљко во Интер и ги откри деталите

by
1 минути читање

Интер е во
потрага на нов десен бек откако не успеа во целост да го откупи Жоао Кансело,
кој минатата сезона настапуваше на Џузепе Меаца како позајмен од Валенсија.

Изборот падна на
Шиме Врсаљко, кој имаше одлични партии на Светското првенство во дресот на
„Коцкестите“.

Добро
упатениот новинар, Џанлука Ди Марцио вечерва пренесе дека паднал договор за
трансфер на Хрватот во Милано. Интер и Атлетико си подале рака за позајмица
вредна 6.5 милиони евра, а „Нероаѕурите“ ќе имаат и опција за перманентен
трансфер за додатни 17.5 милиони евра.

Интер сега го
организара превозот на дефанзивецот и закажува лекарски прегледи за што е можно
побрзо да се комплетира трансферот и тој да почне да тренира под водство на
Лучано Спалети.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×