Италијанската репрезентација повторно ќе мора преку бараж да го бара местото на следното Светско првенство. Аѕурите доживеаја тежок пораз на Сан Сиро, каде што Норвешка славеше со 1-4 и заверувајќи го првото место во групата.
Двата порази од Норвежаните значат нов бараж за Италија, ист пат што веќе двапати ја остави надвор од Мундијалите во Русија и Катар. Добро е познато дека Македонија ги елиминираше на патот кон Катар, кога нашата селекција во Палермо победи со 0-1. По поразот, Џовани ди Лоренцо посочи дека тимот мора да извлече сериозна поука пред баражите.
„Лекцијата која ја научивме од овој пораз мора да ни биде корисна за баражите. Знаевме дека Норвежаните се силни, но сега ќе мораме да се подготвиме за следната фаза. Нашиот тим играше со карактер во последните три месеци, а не знам што се случи сега на овој последен натпревар“, изјави Ди Лоренцо.