Ди Франческо ја продолжи соработката со Рома

by
1 минути читање

Шефот на стручниот
штаб на италијанскиот прволигаш Рома, Еузебио ди Франческо стави потпис на нов
договор со клубот до јуни 2020. година.

Ди Франческо е во
тимот од Рим од 2017. година, а пристигна од тимот на Сасуоло, неговиот договор
истекуваше идното лето, а тој издвои дека е горд за тоа што ја добил довербата
од раководството на Рома.

Горд сум од
фактот што добив ваква доверба од раководството на клубот. Се надевам дека
следната сезона ќе биде уште повозбудлива од изминатава
“ рече Ди Франческо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани