Ди Бјаџо би можел да биде селектор на Грција, тој има уште една опција во таа земја

by
1 минути читање

Поранешниот
тренер на Интер за фудбалери до 21 година, како и легенда на италијанскиот
фудбал, Луиџи Ди Бјаџо има две опции за неговата тренерска кариера во иднина,
првата е селекторската позиција на Грција, а втората да седне на кормилото на
тамошниот шампион ПАК.

Ди Бјаџо се
повлече од селекторската позиција во Италија за фудбалери до 21 година по
неуспехот на Европското првенство за млади фудбалери, а „Газета дело Спорт“
пренесе дека тој би можел да биде селектор на Грција, или пак да биде тренер на
шампионот на таа земја.

ПАОК за момент
завладеа со грчкиот фудбал, ја освои двојната круна од тој шампионат меѓутоа
тренерската позиција остана испразнета по заминувањето на Разван Луческу, кој
отиде во богатиот саудиски клуб Ал-Хилал, каде настапува Италијанецот
Себастијан Џовинко.

Како и да е,
весникот додава дека Ди Бјаџо се соочува со голема конкуренција за ПАОК кој ќе
игра во третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите, и тоа тренерот
на Брага, Абел Фереира.

Меѓутоа, Ди Бјаџо
котира високо на листата за потенцијални нови селектори на Грција, каде се
очекува да си замине Ангелос Анастасиадис, и тоа поради лошиот однос со неколку
фудбалери од националниот тим на Грција, како и лошите резултати во серија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани