Нејмар деновиве е
во центарот на вниманието откако девојка во полициска станица поднесе пријава
против него и го обвини дека ја силувал на 15. мај во хотел во Париз.
Фудбалерот
експресно го негираше ова и во своја одбрана ги објави сите пораки кои ги
разменил со девојката.
Потоа беше
објавено и видео на кое се гледа како двајцата се расправаат, а пред камера се
појави и самата Нажила Триндаде, која раскажа што се случило. Таа
признава дека заминала во Париз со намера да има секс со Нејмар, но не
очекувала дека фудбалерот ќе се однесува на таков начин.
„Бев силувана. Нападната
и силувана“ – вели моделот во разговор со СБТ.
„Кога пристигна
во хотелот, тој беше агресивен, сосема поинаков од личноста со која расговарав
и разменував пораки. Со оглед на тоа дека имав огромна желба да бидам со
него, си реков дека ќе се обидам да ја менаџирам ситуацијата“.
„Почна
предиграта, тоа што ми го правеше ме болеше па му кажав да престане и тој се
извини. Продолживме и кога го прашав дали има кондом, тој одговори дека нема.
Па му кажав дека ништо нема да се случи. Но тој ме игнорираше, не одговори
ништо и си продолжи. Му кажав да престане, му кажав НЕ но тој само си продолжи.
И не само тоа, силно ме удираше по задникот. Потоа јас се тргнав, сè се случи
многу брзо, беа во прашање секунди. Јас инсистирав да престане, но тој не
зборуваше и само продолжи со својот акт“.
Целото интервју
ќе биде објавено во следните денови.