Девојка го фати нејзиниот дечко фудбалер како ја изневерува, сè објави на социјалните мрежи (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Познатата руска музичарка Ники Си го фати камерунскиот репрезентативец и фудбалер на Динамо Москва, Николас Нгамалеу, во љубовна афера и сè објави на социјалните мрежи.

Како што открила Си, по неколкуте пораки што ги добила од девојки кои ја предупредиле на неговото недолично однесување, решила сама да го фати „на дело“. Со помош на пријателка и приватно обезбедување, го принудила Нгамалеу да ја отвори вратата од станот, а кога влегле на лице место ја затекнале наводната љубовница на фудбалерот.

Нгамалеу е камерунски репрезентативец кој игра на позицијата крилeн напаѓач. Благодарение на одличните настапи во својата татковина, брзо се најде под радарот на европските клубови. Пред девет години замина во австриски Алтах, потоа премина во швајцарски Јанг Бојс, каде четири пати го освои шампионскиот трофеј, а потоа за два милиони евра потпиша за Динамо Москва.

За репрезентацијата на Камерун досега одигра 61 натпревар и постигна пет голови, а во 2017 година со националниот тим го освои Африкансскиот куп на Нации.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×